Атланта му врачи отказ на Габриел Хајнце

Аргентинецот, Габриел Хајнце, е отпуштен од тренерското место во Атланта Јунајтед, објави клубот од фудбалската лига во САД.
43-годишниот поранеше играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, беше на кормилото на само 13 натпревари во кои оствари две победи.
Сега тренерските должности ќе ги преземе 35-годишниот, Роб Валентино, кој во последните три сезони беше помошник-тренер во клубот.