Атлетико го враќа Аспиликуета во Примера

Цезар Аспиликуета е трансферна цел на Атлетико Мадрид, откриваат медиумите во Шпанија. 31-годишниот фудбалер, кој е и капитен на „сините“ од Лондон, има договор до 2022 година, но сè уште не го продолжил.
Доколку преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваат, другите тимови ќе гледаат на ова како можност за ангажирање на искусниот дефанзивец. Диего Симеоне е загрижен за честите повреди на Хозе Хименез, а Марио Хермозо, Фелипе и Стефан Савиќ не се константни во нивните настапи. Привлекувањето на Аспиликуета би било одличен потег, но Челзи нема лесно да се раздели со еден од своите лидери. Аспиликуета потекнува од школата на Осасуна и одигра 99 натпревари за оваа екипа во Примера помеѓу 2007 и 2010 година.
Следуваа две сезони во Олимпик Марсеј, а во 2012 дефанзивецот потпиша со Челзи за седум милиони фунти.