Атлетико го враќа Хамес Родригез во Шпанија
Хамес Родригез сака да го напушти тимот и да се врати во Мадрид, објавија неколку медиуми на Островот.
Според истите, колумбискиот фудбалер е незадоволен од временските услови во Англија и сака да се пресели во Атлетико Мадрид.
Оваа сезона, 29-годишниот Родригез одигра 16 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна пет гола и направи три асистенции. Поранешниот играч на Реал Мадрид се пресели во Евертон пред почетокот на тековната сезона. Неговиот договор со англискиот клуб трае до летото 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 35 милиони евра.
Претходно, Хамес играше за Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, аргентински Банфилд и колумбиски Енвигадо.