Атлетико го договори најдобриот стрелец во Примера
Џирона минатата сезона ги воодушеви сите фудбалски фанови ширум светот, го освои сензационалното трето место во шпанската Примера дивизион и за прв пат во историјата се пласираше во Лигата на шампионите.
Клубот од Каталонија до овој историски успех стигна најмногу благодарение на најдобриот стрелец во шпанското првенство, Украинецот Артем Довбик, кој постигна 24 гола и целосно „експлодира“ во една од најсилните лиги во светот.
Навивачите на Џирона се надеваат дека Довбик ќе дебитира во Лигата на шампионите, но Атлетико Мадрид е подготвен да им ги расипе плановите.
Имено, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, клубот од Мадрид постигнал договор со 26-годишниот Украинец, кој е многу блиску да го облече дресот на „јорганџиите“.