Атлетико го позајми Саул во Севиља
Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља официјално објави
дека следната сезона 29-годишниот играч за врска Саул Нигез ќе
го носи клупскиот дрес како позајмен од Атлетико Мадрид.
Од почетокот на професионалната кариера Саул е член на
Атлетико, но ова нема да биде негов прв позајмен период. Во
2013 и 2014 година беше член на Рајо Ваљекано, додека во 2021
и 2022 година настапуваше за Челзи. Следната сезона речиси
сигурно ќе биде важна алка во составот на Севиља.
Саул во кариерата одигра 295 првенствени настапи и постигна 30
гола за Атлетико. За шпанската репрезентација одигра 19
натпревари.