Атлетико загреан за Маркос Алонсо од Челзи

Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесуваат шпанските медиуми.
Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината. 31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 14 милиони евра.
„Јорганџиите“ се спремни да ја платат таа сума и веќе стапиле во контакт со агентот на Шпанецот.