Атлетико крои тактика како да не го откупи Антоан Гризман

Антоан Гризман се уште нема одиграно ниту едно полно полувреме за Атлетико Мадрид оваа сезона. Напаѓачот кој пред три години се пресели во Барселона за 120 милиони евра моментално е на позајмица во тимот на Диего Симеоне.

Гризман пред тој огромен трансфер беше ѕвезда на Атлетико Мадрид, еден од најдобрите играчи во светот, освојувач на Мундијалот и сериозен кандидат за Златната топка. Сепак, тој не се снајде најдобро во Барселона и минатата сезона беше испратен на позајмица во Атлетико за да се врати во форма.

Атлетико платил 10 милиони евра за неговата позајмица, со посебна клаузула вклучена во договорот. Имено, како што пишува каталонски „Спорт“, Атлетико е должен да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра доколку одигра повеќе од 45 минути на повеќе од половина од натпреварите на кои може да се појави.