Атлетико Мадрид во офанзива за доведување на Миленковиќ од Фиорентина

Диего Симеоне и неговиот Атлетико Мадрид размислуваат за засилување на одбраната на тимот. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека актуелниот шампион на Ла Лига тргнува во офанзива за доведување на стоперот од Фиорентина, Никола Миленковиќ.

Србинот веќе подолго време е мета на Диего Симеоне за кого уште во 2018 година испратија понуда за негово купување но тогаш таа беше одбиена од раководството на Фиорентина.

Српскиот репрезентативец има договор со „виолетовите“ до 2023 година и доколку клубот сака да заработи пред негово евентуално заминување како слободен играч наредната година, се очекува негова продажба. Сеуште не се споменуваат никакви детали или висина на можното обештетување но се шпекулира со цена од околу 15 милиони евра.