Атлетико Мадрид го враќа Хамес Родригез во Примера
Хамес Родригез планира да го напушти Евертон ова лето, тврдат медиумите на Островот.
Колумбијскиот фудбалер пристигна на „Гудисон Парк“ во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата.
29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одигра одлична сезона.
Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа животот на Островот и сака да ја промени средината на лето. Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.
