Атлетико Мадрид го нуди на позајмица Жоао Феликс

Челниците на шпанскиот фудбалски клуб, Атлетико Мадрид, се подготвени да го испратат на позајмица еден од своите најдобри фудбалери, Жоао Феликс.

Атлетико не сака да го продаде португалскиот репрезентативец за сума под 100 милиони евра, но од клубот се свесни дека малку клубови можат да издвојат толку висока сума поради што отворена е опцијата за испраќање на Феликс на позајмица до крајот на сезоната. Позајмицата би била без право на откуп,и тоа за сума од девет милиони евра, притоа клубот кој ќе го доведе да ја преземе и обврската за исплаќање на неговата целосна плата.

Според медиумите најголемата причина за Феликс да го напушти Атлетико Мадрид е неговото недоразбирање со тренерот Диего Симеоне.

23-годишниот Жоао Феликс е пристигна во Атлетико од Бенфика во 2019.година, и досега за клубот има одиграно 129 натпревари.