Атлетико Мадрид го сака Адама Траоре во летниот преоден рок
Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат шпанските медиуми.
„Јорганџиите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и сакаат на лето да го доведат Траоре, кој е продукт на школата на Барселона. Договорот на 27-годишниот Траоре истекува на крајот на сезоната, па тој како слободен агент може да пристигне на „Ванда Метроплитано“.
Траоре минатата сезона играше на позајмица во Барселона, каде на почетокот покажа неколку добри партии, но Каталонците не ја искористија опцијата за откуп, па Шпанецот се врати во Вулверхемптон.
Сега ќе има можност повторно да се врати во Примера, а Атлетико му нуди тригодишен договор.