Атлетико Мадрид фаворит за потписот на Дибала
Пауло Дибала се уште нема нов клуб, но тоа би можело да се промени многу брзо. Според „Ла Република“, голема е веројатноста аргентинскиот интернационалец да потпише со Атлетико Мадрид. Таква е желбата на Диего Симеоне, кој инсистира на ангажман на својот сонародник во составот на Атлетико Мадрид.
Дибала стана слободен играч на крајот од минатата сезона кога му истече договорот со Јувентус. Се очекуваше веднаш да потпише со Интер, но преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваа. Во Интер не можат да си ја дозволат платата на Аргентинецот ако прво не продадат барем еден играч.
Манчестер Јунајтед е исто така опција за Дибала доколку „црвените ѓаволи“ се разделат со Кристијано Роналдо. За 28-годишниот напаѓач се зборува и за интерес од Наполи, Милан, па дури и новајлијата Монца во Серија А.