Атлетико Мадрид фрли око на Матео Ретеги

Фудбалерот, Матео Ретеги, кој имаше одлична сезона во екипата на Аталанта, може да добие понуда да се пресели во Атлетико Мадрид.

Најдобриот стрелец во Серија „А“ влегува во плановите на тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне. Се претпоставува дека тимот од Бергамо за неговиот потпис ќе бара најмалку 60 милиони евра.

Напаѓачот кој е роден во Аргентина, во штотуку завршената сезона на „Чизмата“ одигра 36 натпревари и постигна 25 голови.