Атлетико Мадрид ќе бара 140 милиони евра за Жоао Феликс
Според тврдењата на некои шпански медиуми, Атлетико Мадрид како обештетување за евентуална продажба на фудбалерот Жоао Феликс ќе бара износ од 140 милиони евра.
Играчот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, изјавува дека во моментот е фокусиран само на Светското првенство, и додава дека не размислува каде ќе ја продолжи својата кариера.
Постои голем интерес за Феликс од страна на неколку европски гиганти, меѓу кои се истакнуваат Париз Сен Жермен, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Португалецот е член на Атлетико Мадрид од 2019 година, и за клубот досега има остварено 129 настапи и постигнато 33 гола.