Атлетико Минеиро е прв финалист на Копа Либертадорес
Атлетико Минеиро е првиот финалист на најпрестижниот јужноамерикански клупски фудбалски турнир, Копа Либертадорес. Бразилската екипа ја елиминираше Ривер Плата по ремито без голови во реваншот од полуфиналето и го доби дуелот благодарение на победата од 3-0 во првиот натпревар.
Речиси 85.000 гледачи создадоа феноменална атмосфера на Естадио Монументал во Буенос Аирес, но не можеа да му помогнат на Ривер да ја анулира негативата од првиот натпревар и Атлетико успеа да извлече поволен резултат.
Противникот на Атлетико Минеиро во финалето на Копа Либертадорес ќе биде познат вечерва откако ќе биде одигран реванш полуфиналниот натпревар во кој ќе се сретнат уругвајскиот Пењарол и бразилскиот Ботафого. Во првиот натпревар Ботафого победи со 5:0 и само чудо може да го спречи тимот од настап на првото финале на тимот во ова натпреварување.
Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра на 30 ноември.