Атлетико најблиску до потписот на Роналдо

Кристијано Роналдо го убедил Диего Симеоне да го доведе во Атлетико Мадрид, изненадувачки објави утрово весникот АС. Португалската ѕвезда сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите и има шанса да стигне до финалната фаза на турнирот, услов кој Мадрид го исполнува.

Менаџерот на играчот, Жорже Мендеш веќе неколку недели го нуди на некои од најголемите клубови, но Баерн (Минхен) и Челси ја одбија можноста да го ангажираат. На крајот Роналдо лично разговарал со Диего Симеоне, информира изданието и успеал да го убеди дека со него во својот состав „јорганџиите“ имаат шанси за успех. Минатата кампања стигнаа до четвртфиналето на турнирот, каде што беа елиминирани откако тесно загубија со 1-0 во двата меча од Манчестер Сити.