Атлетико на колена – ПСЖ со убедлива победа

Париз Сен Жермен започна моќно на Светското Клупско Првенство со убедлива победа од 4-0 против Атлетико Мадрид на легендарниот Роуз Боул Стадион во Пасадена. Актуелниот европски првак веднаш ја презеде контролата врз играта и не дозволи изненадување. 

Фабиан Руиз го отвори резултатот во 19 минута со прецизен удар од далечина, навестувајќи ја доминацијата на ПСЖ. Пред самиот крај на првото полувреме, Витиња зголеми на 2-0 по брза контра, казнувајќи ја нереализираната шанса на Атлетико. 

Мадриѓаните мислеа дека успеаја да намалат во второто полувреме, но голот беше поништен од ВАР поради претходен фаул. Работите дополнително се влошија за шпанскиот тим кога Клеман Ленгле доби втор жолт картон и беше исклучен во 77 минута. ПСЖ го искористи бројчаното надминување – Сени Мајулу зголеми на 3-0 во 87. минута, а Ли Канг-ин го постави конечниот резултат со пенал во судиското продолжение. 

Со оваа победа, ПСЖ испраќа јасна порака дека е сериозен кандидат за трофејот во новоформираниот формат со 32 екипи. Атлетико, пак, ќе мора брзо да се консолидира ако сака да остане во игра за пласман понатаму.