Атлетико нуди 78 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот 

Лаутаро Мартинез. Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра. Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Најсилен интерес покажува Атлетико Мадрид, кој во него гледа идеален наследник за Луис Суарез.

Симеоне верува дека неговиот сонародник идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и е спремен да плати 78 милиони евра, колку што бара Интер за неговата слобода.