Атлетико плати богатство и го доведе Алекс Баена

Атлетико Мадрид продолжува со сериозна реконструкција на составот, по ангажманот на Руџери од Аталанта, денеска беше потврден уште еден голем трансфер.
Шпанскиот репрезентативец Алекс Баена и официјално е ново засилување на „јорганџиите“, кои постигнаа целосен договор со Виљареал. Мадридскиот клуб ќе плати 50 милиони евра за неговиот потпис 45 милиони веднаш, додека пет милиони се предвидени преку бонуси.
Баена е фудбалер што може да покрие повеќе позиции во офанзивниот дел, игра како офанзивен играч за врска, но и по крилото, а Диего Симеоне го гледа како наследник на Антоан Гризман. Французинот ќе остане во клубот уште една сезона, што ќе му овозможи на Баења време за адаптација и постепено преземање на неговата улога.
Младиот фудбалер, кој беше дел од сите младински категории на Вилјареал, една сезона мина и како позајмен играч во Џирона.