Атлетико се засили со Матео Руџери

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид потпиша денес петгодишен договор со левиот бек Матео Руџери.
Италијанскиот дефанзивец доаѓа во редовите на Атлетико од Аталанта во трансфер вреден околу 17 милиони евра.
Руџери потекнува од академијата на Аталанта и го имаше своето деби на 18-годишна возраст во Лигата на шампиони против Ливерпул во 2020 година. Следната сезона ја помина на позајмица во Салернитана, а една година подоцна стана стандарден во клубот од родниот град Бергамо.
Во март оваа година, Руџери доби дебитантски повик во италијанската репрезентација за завршницата во Лигата на нации, но не настапи во четвртфиналето против Германија