Атлетико херојски избегна пораз во Куп-полуфиналето во Барселона

Атлетико оваа сезона нема пораз од Реал Мадрид или Барселона.

Синоќа Атлетико и Барселона одиграа нерешено 4-4 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија. На почетокот на оваа сезона, мадридскиот тим ја победи Барса во натпревар од Ла Лига (2-1).

Атлетико исто така е непоразен во два меча оваа сезона против Реал Мадрид, а двете средби во Ла Лига завршија 1-1. Атлетико ќе игра против Барселона во Ла Лига на 16 март и во реваншот од полуфиналето на Купот на 2 април. Избраниците на Диего Симеоне ќе се сретнат и со Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на шампионите – натпреварите ќе се одиграат на 4 и 12 март.