Атлетик Билбао инсистира на нов договор со Нико Вилијамс
Атлетик Билабо ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс. Шпанскиот репрезентативец беше дел од една од трансфер сагите на летото, но на крајот остана во баскискиот клуб.
За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари.
Се очекува на лето Барселона да тргне во нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Атлетик Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула.
Во моментов таа е со износ од 60 милиони евра, што не би било проблем за голем број европски гиганти. Интерес за Вилијамс има и од неколку англиски клубови.