Ацевска се искачи на пиедесталот на Балканското првество во џиу џицу

Катерина Ацевска дојде до сребрен медал на Балканското џиу џицу првенство во Бања Лука, Босна и Херцеговина во У21.
Во финалната борба Ацевска загуби од Словенката Зала Миклавц со ипон, кој претходно ја победи во групната фаза.
Во претходните два дена нашите натпреварувачи освоија четири медали – 2 златни и 2 бронзени. Златни медали освоија Ана Ацевска (У-10) и Данил Николиски (У-21) а бронзи Дамјан Белевски и Јован Шишков (У-10).