Ашраф Хакими обвинет за силување на непозната девојка
Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, вчера беше избран за дел од најдобриот тим на годината според ФИФА, но на церемонијата на доделување на наградите пристигна под сериозни обвинувања за силување.
Минатиот викенд во полициска станица пристигнала непозната девојка која го пријавила Хакими за силување. Тој ја повикал девојката во станот бидејќи неговата сопруга и децата биле на одмор во Дубаи, а работите наводно брзо излегле од контрола.
Хакими почнал да ја бакнува и соблекува девојката, а потоа ја силувал, тврди таа. Откако некако успеала да се извлече, со нозете го оттурнала фудбалерот и побегнала. Таа повикала пријател, кој дошол да ја земе и ја однел во полициска станица, пишува „Ле Паризиен“.