Ајакс го враќа Брајан Броби од РБ Лајпциг

Ајакс го договори првото засилување за зимскиот преоден рок.

Станува збор за 19-годишниот холандски напаѓач Брајан Броби кој во овој момент е член на Лајпциг. Според последните информации тој на Ајакс ќе се придружи за вториот дел од сезоната како позајемн играч, но без опција за откуп. Тоа значи дека ако нема договор во меѓувреме ќе се врати во германскиот клуб.

Ќе потсетиме, Броби во јули оваа година токму од Ајакс премина во Лајпциг и до овој момент на 14 натпревари во сите натпреварувања подели три асистенции.