Ајакс го „заборави“ својот најскап фудбалер во историјата!
Себастијан Халер, најскапиот играч во историјата на Ајакс, не го најде своето место на списокот на холандската екипа за настап во Лига Европа.
Ајакс во јануари му плати на Вест Хем 23 милиони евра за услугите на 26-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коста. До вторникот клубовите имаа можност да направат список од 25 фудбалери за натпреварувањата на УЕФА, а името на Халер не се најде на списокот на Ајакс. Во клубот се шокирани и не знаат како тоа се случи.
„Проверуваме што се случило. Разговараме со Фудбалскиот сојуз на Холандија и УЕФА како би можеле да видиме кој и каде погрешил. Нејасно е што се случи.“ – соопштија од клубот.
Халер веќе одигра шест натпревари за холандскиот првак и постигна два погодоци. Ајакс во нокаут фазата на Лига Европа ќе игра против Лил, а првиот натпревар е во Франција на 18. февруари.