Ајакс со потврда – Тен Хаг заминува од клубот

Од раководството на Ајакс, стигна потврда дека тренерот на екипата Ерик тен Хаг ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната. Со ова се потврдуваат информациите дека холандскиот стручњак од на лето најверојатно ќе го преземе Манчестер Јунајтед.

 „ Направивме се што можевме за да го задржиме Ерик тен Хаг.Се обидовме со се, му понудивме нов договор, но резултатот е ваков. Тој нема да остане во Ајакс. Очекуваме наскоро официјални информации на оваа тема “, изјави еден од директорите на Ајакс.

Се очекува во следните неколку дена Тен Хаг да биде претставен како нов тренер на Манчестер Јунајтед.