Ајакс упати понуда до Чави да го преземе гигантот од Амстердам
Големите промени би можеле да доведат до враќање на Ајакс на местото на успехот, по периодот на слаби резултати.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се очекува да го напушти клубот на крајот од сезоната, но тој веќе има потенцијална нова дестинација.
Според извори од шпанските медиуми, Чави би можел да го преземе тимот на Ајакс, европскиот гигант кој моментно минува низ тежок период.
Ајакс ја имаше една од најлошите сезони во својата историја, моментно се наоѓа на петтото место на табелата. Раководството на клубот во Чави гледа идеално решение за пресврт. Покрај Чави, како потенцијален кандидат за функцијата се споменува и Пеп Лијндерс, помошникот на Јирген Клоп во Ливерпул.
Чави во кариерата го водеше само катарскиот Ал Сад, пред да и се приклучи на Барселона во 2021 година.