Ајнтрахт го враќа Рибери во Бундеслигата!
Франк Рибери после две сезони поминати во Фиорентина повторно ќе се врати во Бундеслигата. Рибери пристигна во Фиорентина во 2019 година откако му истече договорот со Баерн, но и после две сезони не размислува за пензија. 37-годишниот Французин има понуди од неколку клубови, а тој е најблиску до враќање во Бундес лигата. Рибери е во напредни преговори со Ајнтрахт Франкфурт, клуб кој го сакаше уште пред две години. Рибери сака да се врати во Бундеслигата и таму да ја заврши кариерата, а со Ајнтрахт ќе потпише договор на една година.