Ајнтрахт не брза со продажба на Коло Муани

Француските медиуми објавија дека ПСЖ испратил понуда од 70 милиони евра за играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани, но истата била одбиена. Тоа доцна синоќа го потврди и спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше.
„Само треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите во наредните недели. Сега нема смисла да се зборува за бројки. Муани е навистина добар играч“ – вели Кроше.
Деновиве се појави информација дека Муани ги договорил личните услови со ПСЖ. Германците за неговиот потпис бараат најмaлку 100 милиони евра.