Баварците во криза, Кан ја презеде одговорноста
Фудбалерите на Баерн Минхен вчера загубија на домашен терен од РБ Лајпциг во 33 коло во Бундес-лигата и влегоа во ситуација да останат без титулата за прв пат од сезоната 2011/12. Тој пораз го натера извршниот директор на Баерн (Минхен) – Оливер Кан, да ја искоментира состојбата во клубот.
„Се чувствувам како се да се распаѓа. Како што одминуваше играта имав чувство дека не можеме да го направиме тоа. Длабоко сме разочарани што ја пропуштивме можноста“, изјави Кан.
Доколку Борусија Дортмунд победи на денешното гостување кај Аугсбург, тогаш „милионерите“ ќе избијат на првото место на табелата со два бода предност пред Баварците.