Баварците составија список на засилувања за следното лето
Баерн активно работи на селекција на нови играчи за следната сезона. Од весникот „Билд“ открија кои се играчоте кои се желба на Баерн Минхен, а меѓу нив се наоѓаат младата sвезда на Рен, Едуардо Камавинга, десниот бек на Норич, Макс Аронс, Флоријан Нојхаус од Борусија (Менхенгладбах) и Лусиен Агуме, кој е во сопственост на Интер, но игра на позајмица во Специја.
Камавинга е еден од најбараните таленти во Европа. Последната година се шпекулираше дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, но интересот на Баерн може да ги промени неговите планови. Макс Аронс го бара Манчестер Јунајтед, но според „Дејли Меил“, најверојатно кариерата ќе ја продолжи на „Алијанц Арена“. Нојхаус веќе подолго време го следат Баварците, а Агуме остава добар впечаток со неговите настапи во Специја и исто така е на радарот на германското гранд.
Баерн веќе ги обезбеди услугите на Упамекано од РБ Лајпциг. Од Минхен ја платија откупната клаузула на Французинот во вредност од 42 милиони евра, а дефанзивецот потпиша договор до 2026 година.