Баерн без Гнабри и Дејвис на реваншот против Арсенал

Минхенски Баерн и официјално соопшти дека неговиот играч Серж
Гнабри ја повредил тетивата во првиот четвртфинален натпревар од
Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал во Лондон.
Првиот натпревар заврши без победник 2-2, а Гнабри во 18. минута
погоди за 1-1.
Гнабри беше стрелец и на последниот првенствен натпревар, кога
Баерн беше изненадувачки поразен со 2-3 кај Хајденхајм.
Баерн не објави колку долго ќе отсуствува 28-годишниот Гнабри, но
германските медиуми објавија дека се очекува да биде надвор од
терените три недели, што значи дека нема да биде подготвен за
реваншот на „Алијанц Арената“.
Ова не е единствениот проблем за Баерн пред реваншот против
Арсенал, бидејќи на тој натпревар нема да може да игра ниту
Алфонсо Дејвис, поради жолти картони.