Баерн без двајца стандардни првотимци до крајот на годината
Баерн Минхен официјално соопшти дека играчите на тимот Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман се здобиле со повреди при вчерашниот успех од 4-2 над Хајденхајм во Бундеслигата. Канаѓанецот одигра цел натпревар, додека францускиот крилен напаѓач не се појави во последните дваесет минути од натпреварот.
„Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман вчера претрпеа оштетување на левата тетива на натпреварот против Хајденхајм. Оздравете момци!“, напишаа од Баерн.
Според извештаите во Германија, двајцата играчи ќе ги пропуштат последните три натпревари на Баерн во годината – натпреварот со Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, гостувањето кај Мајнц и домашниот меч со РБ Лајпциг.
Ова се следните проблеми со повредени играчи за тренерот на Баварците, Винсент Компани, кој вчера поради повреди не можеше да ги искористи Мануел Нојер, Хари Кејн, Серж Гнабри, Жоао Палиња, Хироки Ито и Јосип Станишиќ.