Баерн бесплатно го носи Рабио

Францускиот фудбалски репрезентативец Адриен Рабио оваа лето би може да го напушти Јувентус и да се пресели во Бундеслигата, и тоа во редовите на тимот кој моментно поминува низ голема резултатска криза, Баерн Минхен.
Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезоната и засега сè уште не се почнати преговори за нов договор и тоа сака да го искористи германскиот тим. Баварците веќе стапиле во контакт со мајката на Рабио, Вероника, која му е агент.