Баерн ги осуди расистичките напади врз Упамекано

Германскиот шампион Баерн Минхен доживеа пораз на првиот
осминафинален меч против Лацио со 0-1 во Лигата на шампиони
(ЛШ), а трагичар беше Дајо Упамекано.
Упамекано направи пенал и доби црвен картон, а по натпреварот беше нападнат од расисти, поради кои се јави и баварскиот гигант.
„Баерн ги осудува расистичките коментари на сметка на Упамекано на социјалните мрежи. Секој кој се служи со навреди не е навивач на
нашиот тим. Сите сме со тебе, Дајо“, објави тимот од Минхен.