Баерн ги прекина преговорите со Коман, Французинот бара поголема плата
Преговорите помеѓу Баерн Минхен и Кингсли Коман за продолжувње на договорот се замрзнати, пренесува германски „Кикер“.
24-годишниот Французин ја одбил првата понуда на Баварците и брза да одлучи за својата иднина. Весникот открива дека Баерн му понудил 12 милиони евра годишна плата, но Коман се надева дека може да добие повеќе.
Неговиот договор истекува во 2023 година, па поради тоа двете страни не брзаат околку продолжување на соработката.