Баерн го договори трансферот на еден од најбараните дефанзивци во Европа
Баерн Минхен го договори трансферот на Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, потврди спортскиот директор на германскиот шампион, Хасан Салихамиџиќ.
Сјајниот 22-годишен дефанзивец практично беше желба на сите големи европски клубови, како Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, но на крајот ќе го облече дресот на минхенски Баерн.
На францускиот стопер во последните денови на јуни ќе му се активира отштетната клаузула од 42 милиони евра, која за големите клубови не би претставувала проблем, но клучно е тоа кој ќе ги договори личните услови со играчот. Во тоа успеа Баерн.
„Можам да потврдам, среќен сум што ќе го доведеме.“ – изјави Салихамиџиќ.