Баерн го руши клупскиот рекорд за да потпише со Деклан Рајс
Баерн е подготвен да потроши сто милиони евра за обештетување за Деклан Рајс, објави информираниот новинар Флоријан Плетенберг.
Рајс е голема желба на тренерот на Баерн, Томас Тухел. Договорот со Вест Хем има уште две години и лондонскиот клуб бара 100 милиони евра. Баерн е подготвен да ја плати таа сума“, тврди Плетенберг.
Тој трансфер би бил убедливо најголемиот во историјата на Баерн. Досега германскиот шампион потроши максимални 80 милиони евра за еден играч, колку што чинеше Лукас Ернандез пред четири години кога пристигна од Атлетико.
Рајс, 24-годишниот англиски репрезентативец, е капитен на Вест Хем и цела кариера е во клубот. Тој одигра 244 натпревари и постигна 15 гола со 13 асистенции.
Германски SkySport пренесува дека Рајс последните недели разговарал со челниците на Баерн за неговиот договор, а сега разговарал и со Тухел, кој му рекол дека би сакал да го види во својот тим.