Баерн го сака Маркус Рашфорд

Баерн Минхен е заинтересиран да го потпише напаѓачот Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед но, се зависи од ситуацијата со Барселона која го позајми во изминатата сезона.

Каталонскиот клуб има опција да го купи играчот за 30 милиони евра но, нема намера да ја искористи. Баерн Минхен изрази подготвеност да ја плати бараната цена.

Главната пречка е платата на играчот – 348.000 евра неделно. Минатата сезона, Рашфорд одигра 49 натпревари во кои постигна 14 гола и имаше 14 асистенции.