Баерн го суспендираше Садио Мане по инцидентот со Сане
Напаѓачот на Баерн, Садио Мане е привремено суспендиран од првиот тим по тепачката со Лерој Сане, информираше „Билд“.
Според изворот, денеска, управата на Баерн имала разговор со играчите кои започнале тепачка по убедливиот пораз во натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити (0-3). Мане ја призна вината и рече дека ќе ја разбере секоја одлука на раководството. И покрај ова, Сенегалецот беше отстранет од главниот тим. Претходно беше објавено дека Баерн разгледува три главни опции за казна за Мане: парична казна, суспензија и разделба со играчот. Самиот Мане денеска веќе пристигна во тренинг центарот во Минхен. Забележано е дека играчот бил добро расположен и се насмевнал. Баерн денеска го очекува Мане да му се извини на тимот.
Да потсетиме, Мане го удри во лице својот соиграч Лерој Сане по четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Сити, по што Сане имаше посекотина на усната.