Баерн демантира договор со Џонатан Та

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, негираше дека клубот има договор со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та.

Германскиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната со екипата на Баер Леверкузен и веќе најави дека нема да го продолжи. Баварците сакаа да го ангажираат Та ова лето, но одбија да ја платат трансферната сума што ја бараа шампионите.

„Немаме договор со Та. Тој е германски репрезентативец и има голема улога во Баер Леверкузен. Многу сме среќни со Кимих и Упамекано“, изјави Еберл за „Спорт 1“.