Баерн изненадувачки го врати Џером Боатенг
Баерн Минхен го комплетираше потписот со искусниот германски дефанзивец Џером Боатенг.
Откако му истече договорот со Олимпик од Лион, на Боатенг беше без ангажман, што сега се менува. Тој веќе го одработи првиот дел од лекарските прегледи и денеска ќе тренира со резервниот тим на Баерн. Се очекува тој да се приклучи на првиот тим во следните неколку дена.
Според добро упатени извори во Германија, Боатенг во текот на летото работел напорно чекајќи можност за нов договор и ја добил од својот стар клуб. Поранешниот германски репрезентативец претходно една деценија ги бранеше боите на гигантите од Баварија.
Она што се уште е под знак прашалник е дали Боатенг ќе потпише договор на шест месеци или до крајот на сезоната.