Баерн има адут во ракавот при преговорите со Леверкузен за Вирц

Баерн Минхен е решен следното лето да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, со неколку опции како да го направи тоа.

Според „Билд“, Баварците се подготвени да го вклучат во зделката еден од нивните најголеми таленти – Паул Ванер.

18-годишниот офанзивен играч за врска, кој моментално е на позајмица во Хајденхајм, им се допаѓа на „фамацевтите“ и од Алијанц Арената планира да го искористи овој факт. Челниците на Баерн се подготвени да го понудат Ванер како средство за договарање во зделката, а згора на тоа да додадат и сериозна сума на пари.

Паул Ванер одлично ја започна сезоната, откако веќе постигна пет гола во сите натпреварувања. За него е заинтересиран и РБ Лајпциг.

Желбата на Флоријан Вирц е да се пресели во Баерн, а не во Реал Мадрид кој исто така е заинтересиран за него. Во исто време, Баер не сака да го засили директниот конкурент во Бундеслигата, но може да се предомисли доколку Ванер биде вклучен во зделката.