Баерн има доставено официјален предлог до Џонатан Тах

Според Фабрицио Романо, Баерн Минхен има доставено предлог до дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах. Германецот е еден од најбараните слободни играчи на пазарот откако објави дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен.
Понудениот договор, наводно, е тригодишен со опција за продолжување. Интересот на Баерн е долгогодишен, минатото лето беше блиску до потписот на Тах, но трансферот пропадна откако двата клуба не успеаја да договорат сума.
Барселона исто така се обидуваше да го потпише Тах подолго време, но останувањето на Араухо, Кристенсен и Ерик Гарсија го смена тој план.
Сега, кога Тах е достапен како слободен играч и со заминувањето на Ерик Диер во Монако, Баерн сака да реагира брзо и да го обезбеди неговиот потпис.