Баерн има нова трансфер мета, го сака Мартинели од Арсенал

Баерн Минхен покажува сериозен интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели. Веста ја објави инсајдерот и новинар Кристијан Фалк.
Според него, Баерн (М) сериозно разговарал на оваа тема и се надева дека наскоро успешно ќе ги заврши преговорите и со Арсенал и со фудбалерот. Од Арсенал уште минатата недела најавија дека е можна разделба со Мартинели, но само доколку за него некој ја плати бараната сума нод околу 50 милиони евра.
Минатата сезона, Мартинели одигра 51 натпревар за Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и реализирајќи шест асистенции.