Баерн и Мусиала никако да постигнат договор за продолжување на соработката
Џамал Мусиала и Баерн Минхен немаат постигнато целосен договор за продолжување на договорот на германскиот фудбалски интернационалец, пренесува „Скај Спорт“.
Актуелниот договор на Мусиала истекува во 2026 година.
Главните точки на несогласување остануваат платата, должината на договорот и вклучувањето на излезна клаузула за играчот.
Баерн Минхен очекува 21-годишниот Џамал Мусиала наскоро да направи отстапки.
Самиот тој се уште сака да го продолжи договорот. Целта на двете страни е да постигнат договор до јануари 2025 година.