Баерн и Томас Милер преговараат за нов договор

Живата легенда на Баерн Минхен, Томас Милер, за германските медиуми ја коментираше моменталната позиција со преговорите со клубот за нова соработка. 35-годишниот ветеран има договор само до крајот на актуелната сезона и се уште е нејасно дали ќе остане и следната сезона.

„Ние сме во преговори. Зборуваме и за спортски и за финансиски аспекти“, изјави Милер за весникот „Шпигел“.

„Сè уште многу се забавувам играјќи фудбал. Сакам да продолжам“, додаде офанзивниот играч за врска на Баварците.

Милер е младински играч на Баерн, кој влезе во првиот тим во 2009 година.