Баерн купи 16-годишен талент од АИК Стокхолм
Баерн Минхен денес го комплетираше трансферот на Јона Куси-Асаре
од редовите на шведски АИК.
Станува збор за фудбалер кој има само 16 години, но Баерн за
неговите услуги плати сума од 6.5 милиони евра.
Јона има потекло од Гана, но е роден во Шведска. Веднаш нема да
биде приклучен на првиот тим туку ќе продолжи да се развива и
докажува во вториот тим на Баварците.