Баерн Минхен купува нов дефанзивец

Екипата на Баерн Минхен е многу блиску до доведување на германскиот репрезентативец Матијас Гинтер.

28-годишниот дефанзивец се очекува да пристигне во Минхен ова лето како слободен играч. Гинтер во моментов настапува за тимот на Борусија Менхенгладбах но веќе најави дека нема намера да го продолжи договорот со овој клуб по завршувањето на сезоната.

Најтрофејниот германски клуб, на Матијас Гинтер му понуди договор со важност до 2026 година и плата од 10 милиони евра.

Се очекува Гинтер да го замени Никлас Зуле, кој на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн.